Што е инвестициски фонд?

Инвестициски фонд

Инветициските фондови претставуваат здружени парични средства на голем број инвеститори. Тие се сè пораспространета форма на инвестирање во хартии од вредност. Друштвото НЛБ Фондови АД Скопје управува со следните видови на инвестициски фондови:

Акциски фондови вложуваат во акции на странски издавачи. Нивната клучна карактеристика е тоа што на долг рок носат највисок очекуван принос со повисок прифатен ризик (ризикот дека вистинскиот принос ќе биде различен од очекуваниот, вклучувајќи го и ризикот дека инвеститорот нема да ја врати целата инвестиција во фондот). Наша препорака е инвеститорот да ги комбинира акциските фондови со паричниот или обврзничкиот фонд и на овој начин да го намали или адекватно да го регулира ризикот на целото финансиско портфолио.

Обврзничките фондови се многу добри за надополнување на акциските фондови, бидејќи овие фондови обично се најпрофитабилни токму во периоди кога акциските фондови се најмалку профитабилни. Ризикот е помал од оној на акциските, но и нивниот очекуван принос е соодветно помал.

Комбинираните фондови инвестираат и во акции и во депозити и како такви, според нивните карактеристики (и очекуваниот принос и ризикот), се особено погодни за инвеститори за кои е соодветно да распределат нивните заштеди.

Паричните фондови се финансиски продукти кои се карактеризираат со конзервативна политика на вложување. Согласно структурата на вложување на паричните фондови, најголемиот дел од средства се пласирани во банкарски депозити. Тоа на некој начин ги прави еквивалент на банкарските депозити.

Како функционира?

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови управува со средствата на фондот во согласност со инвестициската политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција што има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на секој фонд е детално опишана во Проспектот и Статутот на фондот. 

Средствата на заедничкиот фонд се поделени на еднакви пресметковни единици (удели), а инвеститорот добива потврда за купување на удели, на кој го пишува соодветниот број на купени удели. Удел во инвестициски фонд претставува сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд.

Со извршување на уплатата и добивање на потврдата за купување на удели, купувачот станува сопственик на пропорционален дел од средствата на заедничкиот фонд.

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.