ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕПОЗИТ
Вложувај Балансирано со Стопанска Банка а.д. Битола и НЛБ Фондови АД Скопје!
Следејќи ги динамичните финансиски трендови со цел да ги интегрираме сигурноста и инвестициите, за прв пат на пазарот креиравме нов комбиниран производ Инвестициски депозит.
Овој производ претставува комбинација од орочен депозит и фонд и нуди единствена, премиум каматна стапка.
Опис на производот
Каматна стапка: 4,80% (МКД) ; 3,55% (ЕУР)
Рок на орочување: 36 месеци
Каматна стапка: 4,50% (МКД) ; 3,40% (ЕУР)
Рок на орочување: 25 месеци
Минимален задолжителен влог: 6.000 денари
Максимален износ: 10.000 еур во денарска противвредност
Карактеристики: Половина од средствата се орочуваат во банка како депозит, а со другата половина се купуваат удели во НЛБ Топ Брендови.
Тип на каматна стапка: Фиксна
Исплата на камата: годишно, по 12 месеци од датумот на влогот
Комбинација од фонд и животно осигурување
НЛБ Фондови го поврза инвестирањето во фондови со сигурноста на животното осигурување на Винер Лајф, Кроација Осигурување – Живот, Триглав Осигурување – Живот, Уника Лајф и Прва Живот. Создадовме нова можност за заштита на семејството. Веруваме во подобра иднина преку животна заштита.
Зошто токму овој производ?
Покрај тоа што овој производ ви овозможува да ја обезбедите вашата иднина, дополнително ви нуди и поголем профит. Со цел да ги пресретнеме вашите потреби и желби, а во зависност од вашиот профил на вложувач ви нудиме избор помеѓу два производи – ДИНАМИЧЕН и БАЛАНСИРАН.
Динамичен производ
За динамичните вложувачи, заедно со Винер Лајф, Уника Лајф, Триглав осигурување-Живот и Прва Живот креиравме одлична комбинација од животно осигурување и инвестирање во НЛБ Топ Брендови. Ви нудиме можност сами да одлучите за распределба на средствата во осигурувањето и инвестирањето во акции во светски реномирани компании.
Балансиран производ
За балансираните вложувачи вистинскиот избор е Гарант Инвест – инвестициско осигурување на живот во соработка со Кроациа осигурување-Живот. Производот е наменет за оние кои се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано вложување – вложување во НЛБ Топ Брендови, со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума.
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.