Тип на фонд
Препорачан временски период
НЛБ Топ Брендови | |
---|---|
Вид на фонд |
комбиниран фонд |
Надоместок за депозитарна банка |
0,35 % |
Максимална влезна провизија |
0% - 5 % |
Максимална излезна провизија |
0% - 3 % ** |
Управувачка провизија |
3 % |
Основан на |
10.06.2014 |
Платежна сметка |
210-0636457805-73 |
Идентификациски број |
9110000000127 |
Инвестициската цел на фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно пораст на цената на уделот, гледано на долг рок. Со оглед на инвестициските цели и политика, НЛБ ТОП БРЕНДОВИ првенствено е наменет за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерен степен на толеранција кон ризикот, кои сакаат вложувања во големи компании кои се лидери во своите индустрии и зад себе имаат долга историја на исплата на дивиденда кон инвеститорите. Препорачлив временски период за вложување е најмалку пет години. Износот кој е разумно да се вложи во овој фонд првенствено зависи од личните цели и можности на секој инвеститор. Поради тоа, на потенцијалните инвеститори им се препорачува, пред носењето на одлуката за вложување во НЛБ ТОП БРЕНДОВИ, да ја согледаат својата имотна состојба, тековните и идни потреби за парични средства, планираниот временски период на вложување, како и личниот однос кон преземениот ризик од вложувањето.
* Излезна провизија се наплаќа единствено кога се повлекуваат средствата што се уплатени во промотивен период (без влезна провизија) пред истекот на една година
Вид на ризик |
Степен на влијание |
Пазарен ризик |
Среден |
Каматен ризик |
Низок |
Кредитен ризик |
Среден |
Ликвиден ризик |
Низок |
Валутен ризик |
Среден |
Ризик од промена на даночните прописи |
Низок |
Инфлација |
Среден |
Политички ризик |
Среден |
Помал потенцијален принос
Поголем потенцијален принос
* Индикаторот за синтетички ризик и принос го покажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на влуктуација на вредност на уделот во изминатите години
Распрашајте се за можноста за инвестирање во инвестициските фондови на НЛБ Фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на телефонскиот број 02 60 90 300 и закажете состанок за консултација.
ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАПОСТАВЕТЕ ПРАШАЊЕЗа клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.