Друштвото НЛБ Фондови АД Скопје е основано на ден 31.01.2008 година под името КД Фондови АД Скопје. Основната дејност е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови АД Скопје се приклучи кон Групацијата Generali. Во Јуни 2024 Генерали Инвестментс АД Скопје е превземенo од страна на НЛБ Групацијата и во овие рамки ја продолжува својата долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет.
Дрштвото има добиено согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за основање и управување со отворени и затворени инвестициски фондови како и дозвола за работи на управување на средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио, како и инвестициско советување на клиенти.
Нашите фондови инвестираат во различни инвестициски класи како што се инструменти со фиксен принос, депозити, акции на светските пазари во голем број на различни индустрии. Благодарение на широкиот спектар на инвестициски производи со долгорочен потенцијал што го нудиме, инвеститорите можат да создадат свое портфолио во секое време според нивните финансиски желби и потреби.
Можете да изберете помеѓу безбедни и стабилни инвестиции во паричен фонд, а во исто време да имате корист од повисоко ниво на ликвидност отколку банкарските депозити. Можете да се одлучите на среднорочни и долгорочни заштеди со инвестирање во комбиниран и акциски фондови, почнувајќи од основен глобално диверзифициран фонд до фондови кои се фокусираат на хартии од вредност во специфични региони или сектори.
На инвеститорите им нудиме производи кои што одговараат на нивниот начин на живот и фазите на живот во кои се наоѓаат. Се разликуваме со тоа што нудиме професионално управување со средства и однос со клиентите. Ја одржуваме довербата на инвеститорите преку нашето големо знаење за пазарите, долгогодишното искуство, како и нашата посветеност да ги исполниме нашите заеднички инвестициони цели.
Контакт: [email protected]; +389 2 60 90 300
Контакт за жалби и поплаки: [email protected]
Одговорно лице за жалби и поплаки: Анастасија Џутеска
Ризици поврзани со работењето на Друштвото
Степен на влијание
Пазарен ризик
Низок
Ликвидосен ризик
Низок
Ризик на друга договорна страна
Низок
Оперативен ризик
Низок
Назив
Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје
Скратен назив
НЛБ Фондови АД Скопје
Седиште
Бул. Партизански одреди бр. 14A, влез 1, кат 2/2, Скопје - Центар
Инфо Телефон
+389 2 60 90 300
+389 2 60 90 305
Електронска адреса
Интернет страна
www.nlbfondovi.mk
Датум на основање
31.01.2008
Датум на упис во Централен Регистар
02.06.2008
Број на одобрение за работа
07-726/15 од 19.05.2008 година, издадено од КХВ
Износ на почетниот капитал
150.000 EUR
Акционери
NLB Skladi Druzba za upravljanje D.O.O. Ljubljana – 100%
Матичен број
6364578
Даночен број
4030008031852
Трансакциска сметка
280122101190295 – Силк Роуд Банка АД Скопје
Шифра на дејност
66.30 – Дејности на управување со фондови
Основна главнина
935.740 EUR во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ
Депозитарна банка
НЛБ Банка АД Скопје – Бул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје
Износ на почетен капитал – 854.061.000,00 МКД
Број на одобрение за депозитарната банка
Решение бр. 1849 од 11.03.2008 година, издадено од Народна банка на РСМ
Склучени договори со Субдепозитарни банки:
Nova Ljubljanska banka d.d. –Ljubljana, Slovenia
Трето лице на кои се пренесени работи на управување со инвестициски фонд
НЛБ Банка АД Скопје – продажба и/или откуп на удели во инвестициски фондови и извршување на активности на рекламирање на инвестициските фондови.
Унија Смарт Акаунтинг ДОО Скопје – активности на водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи од страна на Друштвото
БИГУ Академија ДООЕЛ Скопје – пренесување на извршување на активности на воспоставување и одржување на односи со вложувачите
Овластен ревизор
Друштво за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДООЕЛ Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 19-4/2, 1000 Скопје
Надзорна институција
Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Член на NLB Групацијата
https://www.nlbgroup.si/nlb-group
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.