НЛБ Фондови АД Скопје, Друштво за управување со инвестициски фондови, бул. Партизански одреди бр.14А, Скопје, управува со НЛБ БРИК, акциски фонд, НЛБ Америка – акциски фонд, НЛБ Кеш Депозит – паричен фонд и НЛБ Топ Брендови – комбиниран фонд. Статутот, Проспектот, годишните, полугодишните извештаи како и сите информации поврзани со фондовите се достапни на оваа интернет страната како и во седиштето на Друштвото.
Податоците кои се содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со којшто се уредуваат правните односи на Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје со сопствениците на удели во Фондот, создаваат правна целина која ги содржи сите потребни информации, врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат разумна одлука за вложување во фондот. Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во фондот.
Приносот во минатото има информативен карактер и не претставува индикација за можен принос во иднина. Промената на вредноста на уделот на секој фонд во голема мера зависи од состојбата на пазарите на капитал. Како што вредноста на уделот може да расте или да опадне, така и идните приноси може да бидат повисоки или пониски отколку оние во минатото. Постои можност дека инвеститорите нема да може да ги добијат сите средства кои ги вложиле во фондот додека трае периодот на инвестирање. Пресметките ги исклучуваат трошоците кои се наплатуваат од инвеститорот, кои инаку би ја намалиле презентираната стапка на принос.
Надоместоците кои се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се: влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажбата на уделите и излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на отворениот фонд по удел во моментот на откуп, доколку не се исполнат условите за вложување. Највисоката стапка на влезен и излезен надоместок изнесува 5%, а најниската стапка на влезен и излезен надоместок изнесува 0%.
По правило, Друштвото остварува право на глас од финансиски инструменти на собранијата на нивните издавачи само за сметка на портфолијата на инвестициски фондови со кои управува, а не во име и за сметка на други клиенти со чии портфолија управува или за своjaта сопствена сметка. По исклучок, може да прифати овластување од други страни, под услов тоа да не влијае на одлуките за гласање и/или гласањето во име на инвестициските фондови. Вработените вклучени во овие дејствувања секогаш и доследно забележуваат дека остварувањето на гласачкото право се врши исклучиво во корист на инвестициските фондови или нивните инвеститори.
Правата на глас во име на инвестициските фондови може да ги оствари Друштвото директно со присуство на Собрание преку внатрешен или надворешен полномошник. При тоа се одлучува врз основа на проценка на потенцијалните придобивки од инвестициските фондови дали ќе оствари право на глас. Како по правило, претставниците на Друштвото директно присуствуваат на Собранието:
– ако вложувањата на сите инвестициски фондови во капиталот на издавачот претставуваат повеќе од 1% од нивните вкупни средства, или
– ако вложувањето на поединечен инвестициски фонд во капиталот на издавачот претставува повеќе од 5% од неговите средства.
На Собранијата на издавачи во Република Северна Македонија, Друштвото обично ги остварува правата на глас директно, а во странство преку надворешен полномошник. Друштвото генерално не остварува право на глас на Собранијата на издавачите во кои има инвестирано средства.
Вработените во Друштвото не учествуваат во органи на управување на други трговски друштва.
Податоците за работењето на фондовите се достапни на оваа интернет страница. Вложувањето во инвестициски фондови не е Банкарска услуга, па поради тоа не вклучува гарантирање на депозити и банкарски заштеди.
Индикатор на синтетички ризик и принос
1 – Кеш Депозит
5 – Топ Брендови; Америка
6 - БРИК
Индикаторот за синтетички ризик и принос го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на флуктуацијата на вредноста на уделот во изминатите години. Историските податоци кои се користат при пресметување на индикаторот не се показател за идниот принос на фондот. Нема гаранција дека ризичната класа ќе остане стабилна и може да се менува со текот на времето. Ризикот и приносот може да се променат со текот на времето. Најниското ниво на скалата не значи инвестиција без ризик.
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.