Инвестициски фонд
се здружени парични средства на голем број инвеститори. И кај нас и во странство, инвестициските фондови се сè пораспространета форма на штедење во хартии од вредност. Компанијата НЛБ Фондови управува со следните видови на инвестициски фондови:
Акциски фондови , вложуваат во акции на странски издавачи. Нивната клучна карактеристика е тоа што на долг рок носат највисок очекуван принос со повисок прифатен ризик (ризикот дека вистинскиот принос ќе биде различен од очекуваниот, вклучувајќи го и ризикот дека инвеститорот нема да ја врати целата инвестиција во фондот). Наша препорака е инвеститорот да ги комбинира акциските фондови со паричниот или обврзничкиот фонд и на овој начин да го намали или адекватно да го регулира ризикот на целото финансиско портфолио.
Обврзничките фондови се многу добри за надополнување на акциските фондови, бидејќи овие фондови обично се најпрофитабилни токму во периоди кога акциските фондови се најмалку профитабилни. Ризикот е помал од оној на акциските, но и нивниот очекуван принос е соодветно помал.
Комбинираните фондови инвестираат и во акции и во депозити и како такви, според нивните карактеристики (и очекуваниот принос и ризикот ), се особено погодни за инвеститори за кои е соодветно да распределат нивните заштеди.
Како функционира?
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови управува со средствата на фондот во согласност со инвестициската политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција што има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на секој фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.
Средствата на заедничкиот фонд се поделени на еднакви пресметковни единици (удели), а инвеститорот добива потврда за купување на удели, на кој го пишува соодветниот број на купени удели. Удел во инвестициски фонд претставува сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд.
Со извршување на уплатата (и добивање на потврдата за купување на удели), купувачот станува сопственик на пропорционален дел од средствата на заедничкиот фонд.
[Предности на штедење во заеднички фонд]
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.