Во фондовите можете да вложувате преку еднократни уплати, постепено со месечни уплати, а постепените уплати овозможуваат и извлекување на ануитет.
Песимистично сценарио | ден. |
---|---|
Очекувано сценарио | ден. |
Оптимистично сценарио | ден. |
Предупредување: Стапката на принос е од информативен карактер и е наменета исклучиво за симулацијата поставена од корисникот. Инвеститорите треба да бидат свесни дека симулацијата НЕ претставува гарантиран принос во наведениот периодот.
Песимистичко сценарио: За вложувањата во акции со избрана очекувана стапка на принос, зема предвид волатилноста на акциите низ 120-годишната историја на американската берза. Приносите за песимистичките сценарија се пресметани користејќи го негативниот ефект од волатилноста.
Очекувано сценарио: За вложувања во акции со избрана очекувана стапка на принос, го зема предвид приносот поставен на калкулаторот од страна на корисникот.
Оптимистичко сценарио: За вложувања во акции со избрана очекувана стапка на принос, зема предвид волатилноста на акциите низ 120-годишната историја на американската берза. Приносите за песимистичките сценарија се пресметани користејќи го позитивниот ефект од волатилноста.
Презентираните сценарија се проценка на идните резултати врз основа на историски показатели за тоа како вредноста на оваа инвестиција и/или моменталните пазарни услови се менуваат. Симулацијата НЕ е точен показател за идните приноси на инвеститорите. Минатите перформанси не ги предвидуваат идните приноси. Реалните приноси остварени од страна на инвеститорот може да се разликуваат во поголема мера од очекуваните. Инвеститорите треба да се свесни дека вредноста на нивните инвестиции зависат од успехот на пазарите за хартии од вредност, нивниот инвестициски период и ризикот кој го имаат преземено при инвестирање.
Приносите од оваа симулација НЕ ги вклучуваат трошоците поврзани со инвестицијата во фондовите на НЛБ Фондови. Инвеститорите можат да најдат повеќе информации за трошоците при инвестирање во Фондовите на НЛБ Фондови на официјалната веб страна www.nlbfondovi.mk и/или преку Проспектот на секој од фондовите. Посочените трошоци за влез и излез го намалуваат прикажаниот принос. Исто така, износот на даночната стапка по која ќе се оданочува инвестицијата го намалува прикажаниот принос и зависи од периодот на штедење и личните околности на поединецот.
Приносите НЕ се гарантирани, тие исто така зависат од движењата на девизниот курс на пазарите на капитал каде што инвестираат фондовите, како и од начинот и времето на штедење. Приносите на оваа симулација НЕ ги вклучуваат ефектите од девизните курсеви при инвестирање во фондовите на НЛБ Фондови.
Предупредување за инвеститоритеЗа клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.