Од
Препорачан период на штедење
Пред да пристапите до правилата за управување со фондовите на НЛБ Фондови, многу е важно да поставите цели и временски рамки за заштеда кои ќе одговараат на вашата проценка за инвестициското знаење, до која можете да дојдете и со помош на посебен прашалник . Врз основа на ова, ќе ви биде полесно да одлучите кој фонд е најсоодветен за вас.
Доколку одлучите да пристапите во некој од инвестициските фондови, предлагаме да ги понесете следните документи со вас :
Физички лица:
Документ за идентификација (лична карта или пасош)
Платежна сметка
Правни лица:
Тековна состојба
Тековна состојба на вистински сопственици
Документ за идентификација на овластените претставници / законските застапници
По пристапот во фондот, на веб-страната ќе ве информираме за актуелните настани и вредноста на уделот .
Ако одлучите да купите дополнителни удели, инструкциите за уплата можете да ги најдете во барањето за купување на удели или да не контактирате на следниов број: 02 60 90 300 или email: [email protected]
Исто така можете да не контактирате и преку најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Доколку саката да направите откуп на уделите, треба да ни доставите потпишано барање за откуп. Парите ќе ви ги префрлиме најдоцна во рок од 5 работни дена по добивањето на барањето за откуп.
Во зависност од вашите потреби, можете да одлучите дали да вложувате постепено како дел од плановите за штедење или еднократно, а можни се и комбинации на овие два методи. Кога се одлучувате помеѓу еднократна уплата и постепеното штедење, неопходно е да се тргне првенствено од вашата финансиска состојба и цели, како и од односот кон ризикот.
Распрашајте се за можноста за инвестирање во инвестициските фондови на НЛБ Фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на телефонскиот број 02 60 90 300 и закажете состанок за консултација.
ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАЗа клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.