Често поставувани прашања

Инвестициски фонд се здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови.

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија, кое има добиено дозвола од Комисија за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови.

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови управува со средствата на фондот во согласност со инвестициската политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.

Критериум за успешноста на работењето на инвестицискиот фонд е приносот на фондот (зголемување на уделот на имотот на фондот) во споредба со benchmark (стандард или референтна вредност со која се прават различни споредби и претставува репер за успешноста на фондовите), кој е специфициран за секој фонд одделно во проспектот со вклучените правила на управување.

Да.

Да, инвеститори може да бидат компании, акционерски друштва, фондации, општини итн.

Да, може да се уплаќаат средства во име на малолетно дете.

На сопственикот на удели во фондот му се гарантираат следниве права:
– право на информираност;
– право на дел од добивката на фондот;
– право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на удели од страна на Друштвото; и
– право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.

Комисијата за хартии од вредност издава решение за дозвола за работење и ја надгледува работата на друштвото за управување и инвестициските фондови.

Депозитарната банка ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со Законот за инвестициски фондови и со статутот на фондот.

Во случај кога Комисијата ќе донесе решение со кое ја одзема дозволата за работа на друштвото за управување и во случај на стечај или ликвидација на друштвото за управување, работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело ова друштво се пренесуваат на друго друштво за управување. Комисијата за хартии од вредност го врши изборот на друштвото за управување на кое ќе бидат пренесени работите на управување со инвестициските фондови.

Средствата од фондот се вложуваат во различни финансиски инструменти. Теоретски, би можел да пропадне, ако во исто време сите издавачи на хартии од вредност (компании, државни институции, банки итн.), кои се во портфолиото на фондот “пропаднат”.

Удел во инвестициски фонд претставува сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд.

Уделите во отворените фондови не може слободно да се пренесуваат, освен по основ на наследство или договор за поклон.

Цената на уделот се пресметува на дневна основа, согласно пазарната вредност на сите финансиски инструменти од портфолиото на фондот. Цените и бројот на уделите се изразуваат во четири децимални места.

Секој фонд има различна инвестициска политика, која е пропишана во проспектот на секој фонд, каде се наведени видовите на финансиски инструменти во кои може да се вложат средствата на фондот и лимитите на поединечни инвестиции кои се специфични за секој одделно фонд.

Со имотот на фондот за сметка на сите инвеститори управуваат квалификувани професионалци во друштвото за управување, кои редовно го следат развојот на светските пазари на капитал, реагираат на промените и внимателно ги одбираат инвестициите, водејќи се од принципот на диверзификација (распределба) на ризикот и намалување на трошоците за тргување.

Не.

Проспектот на секој фонд е јавно објавен и ги содржи сите потребни информации, врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат разумна одлука за вложување во Фондот.

Надоместоци кои се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се: Влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на купување на уделите или излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на отворениот фонд по удел во моментот на откупот, доколку не се исполнат условите за вложување.

Овластено правно лице кое врши ревизија на финансиските извештаи на фондовите е Друштво за ревизија РАСЕЛ БЕДФОРД АТАНАСОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Приходите од инструментите во кои се вложени средствата на Фондот, како што се капитални добивки, позитивни курсни разлики, дивиденди и каматни приходи, нема да се исплатуваат, туку автоматски ќе бидат реинвестирани со цел да се зголеми цената на уделот во Фондот. Добивката на Фондот е содржана во нето вредноста на имотот на Фондот по удел, а сопствениците на удели правото на учество во добивката можат да го реализираат преку продажба на уделите односно откуп на уделите од страна на Друштвото за управување.

Друштвото е должно да достави потврда за секоја уплата односно исплата од фондот, како и на барање на сопственикот на удели или нивни овластен застапник, која содржи информации за последната трансакција на инвеститорот и моментална состојба уделите на фондот кои се во нивна сопственост.

Друштвото секој работен ден објавува на својата официјалната интернет страна информации за дневната цена, дневната промена на уделот и нето вредноста на поединечен фонд. На официјалната интернет страна е поставена и архивата на историските цени на уделите на фондовите.

Денот на вреднување e денот за кој се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот. Денот на вреднување (т-1) му претходи на денот на пресметка (т) во текот на кој што се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот.

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.