Добредојдовте на веб страната на НЛБ Фондови!
Тука се објавени информации и известувања на Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14А/1-2, кое управува со инвестициски фондови.
Информациите на интернет страната што се однесуваат на остварените приноси од фондовите се од информативен карактер и не се гаранција за идни остварувања. Вредноста на уделот може да расте или да опадне, така што идните приноси може да бидат повисоки или пониски отколку во минатото. Поради негативни движења на цените на финансиските инструменти и валути, постои можност вложените средства на инвеститорот да ја намалат својата вредност односно инвеститорот да повлече помалку средства во споредба со оние што ги вложил. Вложувањето во инвестициски фондови не е банкарска услуга, па поради тоа не вклучува гарантирање на депозити и банкарски заштеди.
Друштвото работи во согласност со Законот за инвестициски фондови и неговите подзаконски акти како и други релевантни закони кои важат во Република Северна Македонија. Редовни контроли се вршат од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија која е надлежна за вршење контрола над работењето на Друштвото како и од ревизорите.
Намената на интернет страната е да обезбеди општи информации за Друштвото, неговото работење како и одредени информации за неговите производи и услуги. Искуството, финансиската способност и желбата на индивидуалните посетители на нашата интернет страна не се земаат во предвид па затоа наведените примери не претставуваат совети за донесување одлука за купување или продажба на удели од инвестициските фондови. Тие се наменети исклучиво за промотивни цели.
Било која информација за нашите продукти кои се наоѓаат на интернет страната во ниеден случај не го заменуваат барањето на професионален совет, насока или препорака за донесување на инвестициски одлуки на секој посетител на сајтот, бидејќи предуслов за донесување на соодветна инвестициска одлука е тоа дека истите треба да бидат запознаени со сите форми на ризик при инвестирањето во инвестициски фондови. Важно е да не донесувате одлуки за инвестирање исклучиво врз основа на објавените информации, туку дека треба да се консултирајте со овластени експерти во соодветните области.
Податоците објавени на оваа интернет страна се од информативен карактер. Иако Друштвото се залага за нивната точност, навременост и автентичност, ниту Друштвото, ниту било кое друго правно или физичко лице кое учествува во креирањето на оваа интернет страна, во никој случај не превзема никаква одговорност и не одговара за било каква штета која може да произлезе или да е поврзана со постоењето на интернет страна, од пристапот и / или употреба на интернет страна и / или информациите објавени на интернет страна и / или неможноста да се користат информациите на интернет страна, било какви грешки или пропусти во нејзината содржина, без разлика на тоа дали е објавена информација за можноста на грешка/штета. Пресметките на интернет страната се информативни и ги земаат во предвид условите и претпоставките валидни на денот на пресметката. Информативните пресметки од НЛБ Фондови не се обврзувачки. Сите податоци и информации објавени на интернет страната на Друштвото пред употребата мора да бидат проверени од страна на вработените во НЛБ Фондови АД Скопје.
Интернет страната на Друштвото може исто така содржи линкови до интернет страници на трети страни и / или податоци од трети лица. Бидејќи одредени линкови на оваа интернет страна водат до извори на сервери одржувани од страна на трети лица над кои Друштвото нема никаква контрола, НЛБ Фондови АД Скопје не може да гарантира или преземе одговорност да прифаќа и/или проследува поплаки во врска со заштитата на приватноста и содржината на интернет страните на третите лица и не сноси одговорност за исправноста и точноста на податоците на интернет страните на третите страни.
Друштвото и другите физички или правни лица кои се вклучени во создавањето и дизајнот на оваа интернет страна го задржуваат правото за извршување промени на сите информации објавени на интернет страната во било кое време, ажурирање или бришење на информациите, а притоа не се одговорни за било каква привремена недостапност на интернет страната.
Сите информации, слики и документи објавени на оваа интернет страна се заштитени со авторски права или се предмет на било која друга форма на заштита на интелектуална сопственост во дозволената законска рамка и затоа не е дозволено да бидат копирани, репродуцирани или дистрибуирани на друг начин. Репродукцијата е дозволена само доколку таа е за комерцијални цели, при што мора да биде наведено “© НЛБ Фондови АД Скопје – Сите права се задржани.“ Интелектуалната сопственост на оваа интернет страна е заштитена. Нејзината употреба е можна само со претходно одобрување од страна на НЛБ Фондови. Ова исто така важи за сите логоа и брендови чија неовластена употреба е изрично забранета, освен во случаите наведени во овој текст.
Корисниците на интернет страната се согласуваат дека користењето на оваа интернет страна и толкувањето на овие услови се регулирани со законот и подзаконските акти важечки во Република Северна Македонија.
Било какви спорови кои произлегуваат од користењето или кои се поврзани со оваа интернет страна, спаѓаат под јурисдикција на надлежниот суд во Скопје и се уредуваат согласно законската и позаконската регулатива на Република Северна Македонија.
Како посетител на нашата интернет страна, ве молиме да ги почитувате овие правила и услови што се применуваат за секој корисник на интернет страната. Со продолжувањето на посетувањето и користењето на содржината на оваа интернет страна, вие се согласувате со овие правила.
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.