Зошто да вложувате во инвестициски фондови?

Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време

Тоа е многу едноставна и транспарентна форма на инвестирање, која му овозможува на инвеститорот да заштеди време и енергија. Инвеститорот не мора да прави ништо друго освен внимателно да избере соодветен инвестициски фонд, да пополни документација за пристап до фондовите и да префрли средства на сметката на фондот. За се друго се грижи инвестицискиот фонд, односно неговиот управител. Со инвестирање  во инвестициски фонд,  заштедувате дел од времето што би го потрошиле инвестирајќи директно во хартии од вредност. Изборот на хартии од вредност и сродните активности препуштете го на нашето Друштво НЛБ Фондови кое управува со инвестицискиот фонд. Оттука, компензацијата што вие како инвеститор ја плаќате на друштвото за управување во форма на провизија е и плаќање за овие услуги.

Висока ликвидност

Секогаш можете да ги повлечете вашите средства, очекувајте ги парите на вашата лична сметка најдоцна во рок од пет работни дена од барањето за исплата. Ова е особено важно кога на инвеститорите им се потребни средства брзо во форма на готовина поради неочекувани трошоци.  Затоа, средствата инвестирани во инвестициски фондови не се врзани .

Повисок очекуван принос

Очекуваниот принос на инвестицискиот фонд е малку или значително поголем од приносот на банкарските депозити (во зависност од изборот на фонд). Акциите и обврзниците  нудат повисок очекуван принос на долг рок  отколку сигурните инвестиции , како што се банкарските депозити. Сепак, добро е што инвеститорот е свесен дека повисокиот очекуван принос  претставува  само очекувана  награда за преземање дополнителен пазарен ризик .

Со инвестирање во инвестициски фонд, вие ефективно го намалувате пазарниот ризик , бидејќи инвестирате во неколку хартии од вредност. На овој начин, постигнувате соодветна диверзификација со релативно ниски трошоци.

Професионално управување 

Вашите средства се во рацете на професионално квалификувани и искусни менаџери на средства кои, со цел да постигнат натпросечни перформанси на инвестициските фондови, постојано ги истражуваат случувањата на финансиските пазари, економии, индустрии и компании.  Портфолио менаџерите управуваат со средствата во рамките на јасната инвестициска политика на секој поединечен фонд.

Флексибилност

Вложувањето средства во НЛБ Фондови овозможува редовни уплати на помали износи со мали трошоци.

Разновидноста на понудата му овозможува на секој инвеститор да го избере производот што најмногу одговара на неговите преференции.

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.