Заштита на лични податоци
НЛБ Фондови АД Скопје посветува особено внимание на заштита на личните податоци и постапува грижливо, одговорно и во согласност со важечките регулативи а особено Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Ние го почитуваме вашето право на приватност и затоа обработуваме податоци на начин на кој ги заштитуваме вашите интереси, основни права и слободи. Ние ги обработуваме личните податоци законски, фер и на транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациони мерки. Пред да ги обработиме вашите лични податоци, внимателно ја проценуваме пропорционалноста на наменетата обработка и какво било позитивно или негативно влијание врз вас или вашите права во однос на заштитата на личните податоци.
Правна основа
Правната основа за обработка на лични податоци ја сочинуваат:
– Закон за заштита на личните податоци,
– Закон за инвестициски фондови,
– Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,
– даночни регулативи и
– подзаконски акти и други регулативи со кои се уредува обработката и / или заштитата на личните податоци.
Контролор
Контролор е Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди 14А, 1000 Скопје (во натамошниот текст: НЛБ Фондови). НЛБ Фондови определи офицер за заштита на лични податоци, со следниот контакт: [email protected]
Лични податоци
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Вие сте должни да ни ги доставувате вистинските, точните и целосните лични податоци, како и сите измени во вашите лични податоци.
Кои лични податоци ги собираме од вас?
НЛБ Фондови е контролор на личните податоци кои што Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. При посета на нашата веб страна и користење на нашите веб услуги обработуваме различна количина на лични податоци, и тоа:
Цели на обработката на личните податоци
Нам ни се потребни вашите лични податоци со цел да Ви ги овозможиме следниве услуги:
Како ќе ги користиме Вашите лични податоци?
НЛБ Фондови ги собира Вашите лични податоци за да може да ви ги овозможи горенаведените онлајн услуги. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива во _______________________________. Ниедна трета страна нема пристап до Вашите лични податоци, освен во случај на специфично законско барање.
Законски основ
Законскиот основ за обработка на Вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за секоја од целите наведени погоре.
Период на чување
Периодот на чување на личните податоци се разликува во зависност од видот и целта на обработката на личните податоци. Одредени податоци се чуваат 10 години или подолго по завршувањето на деловниот однос или извршувањето на трансакцијата. Податоците базирани на доброволна согласност се чуваат се до повлекување на согласноста.
Ние ги чуваме личните податоци собрани на настани (конференции, состаноци, предавања, наградни игри, патувања) во согласност со важечките закони и правила на настани или до повлекување на согласноста.
Доколку добиеме барање за бришење податоци, ние ќе го извршиме барањето, ограничувајќи ја обработката на податоците само за целите што произлегуваат од важечките регулативи или нашите внатрешни правила.
Ако личните податоци се анонимни, т.е. не можат да бидат поврзани со идентификувано лице, таквите податоци можат да се чуваат и обработуваат без фиксен период на чување.
Права на субјектите на податоци
Имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.
Доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.
Имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.
Имате право да ја повлечете дадената согласнос во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
Имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.
Имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.
Доколку сеуште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.
Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер на следниот емаил: [email protected] на телефонскиот број (02) 6090 300, или да ни се обратите лично во просториите на НЛБ Фондови, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.
Измени и дополнувања на Политиката за приватност
Оваа политика за приватност може да се измени или дополни во кое било време. Вие ќе бидете информирани за какви било промени на оваа интернет страна и преку е-пошта во случај на значителни измени кои би имале влијание врз обработката на личните податоци.
Колачиња
Правилата за употреба на колачиња и слични технологии за складирање на информации и пристап до информации зачувани на компјутер или мобилни уреди на корисникот се уредуваат со Законот за електронски комуникации.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки кои по претходна согласност, се копирани од вашиот компјутер кога посетувате интернет страна и вообичаено вклучуваат:
Самото колаче не содржи или собира информации. Меѓутоа, ако тоа е прочитано од страна на сервер заедно со веб прелистувач, може да помогне на интернет страната да обезбеди услуги за корисниците. Колачето може да го прочита и користи само серверот кој го генерирал.
Кои колачиња ги користи веб-страницата www.nlbfondovi.mk?
ИМЕ |
НАМЕНА |
ВРЕМЕТРАЕЊЕ |
КОМПАНИЈА |
1P_JAR |
Параметар за цели на таргетирање / рекламирање. |
1 месец |
google.com |
NID |
Параметар за цели на таргетирање / рекламирање. |
6 месеци |
google.com |
CONSENT |
Параметар за цели на таргетирање / рекламирање. |
2 години |
google.com / youtube.com |
__cfduid |
Се користи од страна на Cloudflare за забрзување на времето за вчитување на страната. |
1 година |
zopim.com |
PHPSESSID |
Се користи за обезбедување на основнo функционирање на интернет страната. |
крај на сесија |
nlbfondovi.mk |
_zicmid |
Се користи за идентификација на уредот за време на посетата на интернет страната. |
1 година |
nlbfondovi.mk |
_ga |
Се користи за да се направи разлика меѓу корисниците преку доделување на случаен генериран број како идентификатор на клиентот. |
2 години |
nlbfondovi.mk |
_gat |
Се користи од страна на Google Analytics за ограничување на барањата – ограничување на собирањето на податоци на многу посетуваните страни. |
1 ден |
nlbfondovi.mk |
_gid |
Се користи од страна на Google Analytics за чување и ажурирање на уникатни вредности за секоја посета на страната. |
1 ден |
nlbfondovi.mk |
_icl_current_language |
Се користи за чување на избраниот јазик на интернет страната. |
1 ден |
nlbfondovi.mk |
cusid |
Се користи од страна на ClickDimension за следење на посетите на страницата. |
30 мин |
nlbfondovi.mk |
cuvon |
Ја сигнализира последната посета на страната од страна на корисниците. |
30 мин |
nlbfondovi.mk |
tracking_premission |
Се користи за следење на дозволата за следење на корисници. |
1 недела |
nlbfondovi.mk |
tracking_premission-displayed |
Се користи за следење на дозволата за следење на корисници. |
1 недела |
nlbfondovi.mk |
itsec_hb_login |
Се користи за промена на текстот за најава на контролниот панел. |
1 ден |
nlbfondovi.mk |
wordpress_test_cookie |
Се користи за проверка дали прелистувачот дозволува колачиња. |
крај на сесија |
nlbfondovi.mk |
Оператор за колачиња
НЛБ Фондови АД Скопје
Бул. Партизански одреди бр. 14A, влез 1, кат 2/2
1000 Скопје
Што колачињата не прават?
– Тие не пренесуваат податоци од вашиот компјутер на кој било друг сервер освен назад на испраќачот.
– Тие не пренесуваат никакви податоци на нашиот сервер освен оние што самиот сервер ги испраќал до корисникот и се враќаат при секоја посета (уникатен код).
– Тие не го содржат вашето име, адреса, итн.
– Тие не можат да го заразат вашиот компјутер со вирус или да му наштетат на кој било друг начин.
– Тие не му овозможуваат на Друштвото да открие што вие, освен посетата на нашиот сервер, извршувате online или offline.
– Тие не ни овозможуваат да ги препознаеме вашите лични податоци, освен ако вие самите не сте ги споделиле со нас.
Ако не сакате да користите колачиња или не сте го одговориле прашањето за нивната употреба, колачињата нема да се чуваат. Вие сè уште ќе можете да ги користите повеќето содржини на нашиот сервер.
За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.