Правила за паметно инвестирање

ПОДГОТВИВМЕ ЗА ВАС 7 ПРАВИЛА ЗА ПАМЕТНО ИНВЕСТИРАЊЕ

 

ПРАВИЛО 1

ШТЕДЕТЕ НАВРЕМЕ И СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ

Како што се разликуваме според начинот на живот, желбите и потребите, исто така се разликуваме и по начинот на штедење. Одговорете на трите прашања:

1. Дали знам колку средства имам на располагање за штедење?

Тоа е износот што ви преостанува откако ќе ги подмирите трошоците за тековните месечни потреби или големи набавки во блиска иднина. Тие средства ќе ви бидат наменети за долгорочни заштеди.

2. Дали знам колку сакам да заштедам?

Поставете ја вашата финансиска цел со одговарање на ова прашање.

3. Дали знам колку време треба да штедам?

Дефинирајте го временскиот хоризонт за штедење, бидејќи тоа ќе влијае на вашата изложеност на ризик и на тоа каде да вложувате.

 

ПРАВИЛО 2

ИЗБЕРЕТЕ НАЧИН НА ИНВЕСТИРАЊЕ

Можете да вложувате редовно на месечна основа или преку еднократни уплати на различен износ во различни периоди. Не чекајте ниска цена на удел или „вистинскиот момент“ бидејќи тој се препознава само кога ќе помине. Искористете ги можностите што ви се нудат.

Имате две опции:

1. Инвестирање преку еднократни уплати

Можност за вложување преку еднократни уплати, на различен износ во различен период.

2. Инвестирање со месечни уплати

Можност за постепено вложување преку месечни уплати во програмираните планови при тоа корстејќи го методот за упросечување на цената. Во исто време, ова е најевтината форма на заштеда, бидејќи трошоците за влез не се наплатуваат.

 

ПРАВИЛО 3

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО РАЗЛИЧНИТЕ ТИПОВИ НА ИНВЕСТИТОРИ

Секој инвеститор има свој профил на вложување. Кога се одлучуваме за инвестирање, некои се воздржани и ја сметаат безбедноста на влогот поважна од приносот. Други се похрабри и се подготвени да се соочат со малку поголеми падови на вредноста на инвестицијата доколку сметаат дека тоа ќе донесе поголем принос на долг рок.

 

ПРАВИЛО 4

ПРОЦЕНЕТЕ, КОЛКАВ РИЗИК МОЖЕТЕ ДА СИ ДОЗВОЛИТЕ

При идентификување на вашиот профил, треба да го земете предвид вашиот „субјективен“ апетит за ризик (или колку би сакале да ризикувате) и во исто време вашата „објективна“ способност да преземете ризик (колкав ризик можете да си дозволите во однос на вашиот финансиски и социјален статус).

Дознајте колкав степен на ризик сте спремни да прифатите и дефинирајте го вашиот профил на вложувач.

 

ПРАВИЛО 5

ДИВЕРЗИФИЦИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Диверзифицирајте ги вашите инвестиции според вашата финансиска цел и профилот на вложувач. Секогаш треба да го диверзифицирате вашето портфолио на таков начин што пад на вредноста на еден вид инвестиции нема да ве загрози. Обезбедуваме широк спектар на опции бидејќи нашите фондови ви нудат различни можности за инвестирање.

 

ПРАВИЛО 6

СВОИТЕ СРЕДСТВА ДОВЕРЕТЕ ИМ ГИ НА НАЈДОБРИТЕ

Не е сеедно кој е вашиот инвестициски партнер. При избор на друштво за управување, земете ги предвид:

  • историјата на работење,
  • вкупниот износ на средства со кои управува друштвото,
  • професионализмот,
  • етиката на финансиските советници,
  • професионалноста и перформансите на менаџерскиот тим
  • и трошоците.

Изберете експерти на кои можете да им верувате. Со средствата од нашите фондови управуваат реномирани експерти кои добиваат бројни награди за успешно управување. Кога инвестирате, заслужувате да бидете советувани од најдобрите.

 

ПРАВИЛО 7

РЕДОВНО СЛЕДЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Вашата иднина е ваша одговорност. Препорачуваме најмалку еднаш годишно да ги разгледате вашите инвестициски цели и стратегија и да процените кога ќе ви требаат средства. Заедно со вашиот финансиски советник, можете лесно да ги прилагодите вашите инвестиции во однос на состојбата на пазарот на капитал.

ДОГОВОРЕТЕ СРЕДБА ЗА ИНВЕСТИЦИСКО СОВЕТУВАЊЕ

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.