Како да инвестирате?

Како да станам инвеститор во НЛБ Фондови?

  • Повеќе информации околу опциите за инвестирање можете да добиете во седиштето на НЛБ Фондови АД Скопје во текот на работното време, да договорите онлајн средба со наши претставници преку видео повик од 9:00 до 16:00 часот или во најблиската експозитура на НЛБ Банка. 
  • За дополнителни информации, можете да се јавите и на следниов телефонски број: 02 60 90 300.  

Што треба да знам пред да пристапам во фондот?

Пред да пристапите кон правилата за управување со фондовите на НЛБ Фондови, многу е важно да поставите цели и временски рамки за штедење. Не заборавајте да го земете предвид вашето искуство и знаење во областа на инвестициите. Врз основа на ова, ќе ви биде полесно да одлучите кој фонд е најсоодветен за вас.

 

Кога ќе одлучам да станам инвеститор

Доколку одлучите да пристапите во некој од инвестициските фондови, предлагаме да ги понесете следните  документи со вас:

Физички лица:

- Документ за идентификација (лична карта или пасош)

- Документ за платежна сметка

Правни лица:

- Тековна состојба на правното лице

- Тековна состојба на вистинските сопственици

- Документ за идентификација на овластените претставници / законските застапници

 

Седум едноставни чекори за инвестирање во фондовите на НЛБ Фондови

  1. Можете да се распрашате околу опциите за штедење во нашите простории  во текот на работното време, најблиската експозитура на НЛБ Банка или да се јавите на следниов телефонски број 02 60 90 300.
  2. Разгледајте ги материјалите за нашите фондовите, кои можете да ги добиете во електронска форма на нашата веб-страна или во експозитурите на НЛБ Банка.
  3. Размислете за вашите финансиски цели, финансиската состојба и целта на штедењето.
  4. Дознајте колку фондовите одговараат на вашите цели, околности и особено на вашето знаење и искуство.
  5. Изберете еден или повеќе фондови што мислите дека најмногу одговараат на вашите преференции.
  6. Со помош на квалификуван овластен претставник од нашето Друштво или од НЛБ Банка, пополнете ја документацијата потребна за пристапување и придржувајте се до правилата за управување со избраниот фонд.
  7. Префрлете ги парите на сметката на фондот, што е наведена во инструкциите за уплата. Доставувањето на документацијата за пристапување не ве обврзува да платите средства во фондот.

Откако ќе започнете да вложувате во фондот, ќе можете да ја следите вредноста на вашата инвестиција преку мобилната апликација, а можете да добиете и дополнителни информации за вашата инвестиција на ваше барање.

По пристапувањето во фондот

По пристапувањето во фондот, на веб-страната ќе ве информираме за актуелните настани и вредноста на уделот.

Би сакале повторно да напоменеме дека инвестирањето во инвестициски фонд е долгорочно, бидејќи на овој начин се намалува ризикот од негативен поврат на инвестицијата во периодот на штедење. [Дознајте повеќе за опциите за штедење]

Ако одлучите да купите дополнителни удели, инструкциите за уплата можете да ги најдете во барањето за купување на удели или да не контактирате на следниов број: 02 60 90 300 или email: [email protected] 

Доколку сакате да направите откуп на уделите, треба да ни доставите потпишано Барање за откуп. Парите ќе ви ги префрлиме најдоцна во рок од 5 работни дена по добивањето на Барањето за откуп.

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.