НЛБ БРИК

Акциски фонд

Инвестирајте во четири суперсили! Индија и Кина доживуваат економски раст и се очекува да пораснат уште посилни во наредните години. Населението, кое претставува дури една третина од светското население го уживаат подобрениот животен стандард и поголемата потрошувачка. Бразил е силна економија со големо богатство на природни ресурси, а Русија е едно од најголемите светски наоѓалишта на нафта и природен гас.

Тип на фонд

Акциски

Препорачан временски период

5+ години

Податоци за фондот

Опис

НЛБ БРИК

 

Вид на фонд

акциски фонд

Надоместок за депозитарна банка

0,35%

Максимална влезна провизија

0% - 5%

Максимална излезна провизија

0% - 3%*

Управувачка провизија

3%

Основан на

28.10.2008

Платежна сметка

210-0636457804-76

Идентификациски број

9110000000062

  

*Излезна провизија се наплатува само доколку средствата уплатени во промотивен период се повлечат во период пократок од една година.

Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно раст на вредноста на уделот на долг рок. Со оглед на инвестициските цели и политика, НЛБ БРИК првенствено е наменет за вложувачи со долгорочен вложувачки хоризонт и повисок степен на толеранција кон ризикот, кои се решени да вложуваат совесно, дисциплинирано и континуирано, со цел оплодување на вложените средства на долг рок. Мотив за вложување во Фондот е политиката на инвестирање на најголем дел од средствата на пазарите на капитал односно во хартии од вредност на издавачи од Кина (растечка економска велесила), Индија (огромен потенцијал на образована и квалификувана работна сила), Бразил (силна економија, богатство на природни ресурси) и Русија (едно од најголемите светски наоѓалишта на нафта и природен гас). Препорачлив временски период за вложување е најмалку пет години. Износот кој е разумно да се вложи во овој фонд првенствено зависи од личните цели и можности на секој инвеститор. Поради тоа, на потенцијалните инвеститори им се препорачува пред носењето на одлуката за вложување во НЛБ БРИК да ја согледаат својата имотна состојба, тековните и идни потреби за парични средства, планираниот временски период на вложување, како и личниот однос кон преземениот ризик од вложувањето.

 

 

Вид на ризик

Степен на влијание

Пазарен ризик

Висок

Каматен ризик

Низок

Кредитен ризик

Среден

Ликвиден ризик

Среден

Валутен ризик

Среден

Ризик од промена на даночните прописи

Среден

Инфлација

Среден

Политички ризик

Висок

Индикатор на синтетички ризик и принос

1
2
3
4
5
6
7
Помал ризик

Помал потенцијален принос

Поголем ризик

Поголем потенцијален принос

* Индикаторот за синтетички ризик и принос го покажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на влуктуација на вредност на уделот во изминатите години

Каде инвестира фондот

Предности на инвестирањето во НЛБ Фондови

Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време

Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.

Професионални финансиски аналитичари

Професионален тим со големо ускуство во управувањето со средства.

Висока ликвидност

Пристап до вложените средства во секое време.

Квалитетен третман

Сите потребни информации за инвестирање во инвестициски фондови можете да ги добиете во нашите простории како и во филијалите на НЛБ Банка.

Достапност и финансиска ефикасност

Можност за постепено штедење дури и со помали износи.

Повисок принос

Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Закажете консултација

Распрашајте се за можноста за инвестирање во инвестициските фондови на НЛБ Фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на телефонскиот број 02 60 90 300 и закажете состанок за консултација.

ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАПОСТАВЕТЕ ПРАШАЊЕ

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.