На седницата одржана на 12 септември 2024, КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Статутите на отворените инвестициски фондови Генерали Топ Брендови, Генерали Кеш Депозит, Генерали Америка и Генерали БРИК. Согласно образложението на Одлуката донесена од Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени фондови НЛБ Фондови АД Скопје причини за менување на Статутите се промена на сопственоста и називот на Друштвото за управување и називите на фондовите со кои управува Друштвото.
Согласно тоа, извршени се следниве промени во Проспектите на фондовите:
Се менува називот на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови од „Генерали Инвестментс АД Скопје“ во „НЛБ Фондови АД Скопје“, како и називите на отворените инвестициски фондови од „Генерали Америка“ во „НЛБ Америка“, од „Генерали БРИК“ во „НЛБ БРИК “, од „Генерали Топ Брендови во „НЛБ Топ Брендови“, од „Генерали Кеш Депозит“ во „НЛБ Кеш Депозит“.
Содржината од Проспектите и Статутите, можете да ја прочитате на следниве линкови:
Со почит,
НЛБ Фондови АД Скопје