Новости

Соопштение за добивање согласност за стекнување со квалификувано учество

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донесе Решение
со кое на правното лице “НЛБ Склади” доо, друштво за управување со средства со седиште во
Љубљана, Словенија му се дава согласност да се стекне со квалификува­но учес­тво над 50%,
односно да се стекне со 100% од вкупно издадените акции од Друштвото за управување со
отворени и затворени инвестициски фондови “Генерали Инвестментс” АД Скопје.

Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од
денот на добивање на согласноста од Комисијата. Во моментот на поднесување на барањето “НЛБ
Склади” доо, друштво за управување со средства Љубљана, Словенија, кое е во целосна
сопственост на “Нова Љубљанска Банка” дд Љубљана, не поседува акции во Друштвото за
управување “Генерали Инвестментс” АД Скопје. “НЛБ Склади” доо, друштво за управување со
средства Љубљана, Словенија во својата стратегија за инвестирање и управување ги елаборира
идните активности за друштвото кое го презема, како што се производите кои ќе се нудат,
каналите на дистрибуција, политиката на вработување, финансиските проекции, промена на
брендот и на корпоративно управување, како и стратегија на регионално проширување во рамки
на групацијата.

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.