Со цел подобрување на финансиската ефикасност и намалување на трошоците за нашите клиенти, Друштвото Генерали Инвестментс АД Скопје на ден 20.05.2024 година склучи Анекс со НЛБ Банка АД Скопје за намалување на надоместокот кој се исплаќа на депозитарната банка од о.и.ф. Генерали Кеш Депозит.
Надоместокот за вршење на активностите предвидени со депозитниот договор изнесува 0,17%.
Инвеститорите може да добијат дополнителни информации преку е-пошта на info@generali-investments.mk.