Новости

Сè е како порано

По паниката на почетокот на август, на пазарите се врати оптимизмот. Централниот американски берзански индекс забележа најголем неделен раст оваа година.

 

Минатата недела сервираше многу важни економски податоци, со помош на кои ја разбравме состојбата на американската економија. Според најавите, има само еден заклучок: заборавен е стравот од рецесија, кој владееше при малиот шок на почетокот на месецот и економијата е на добар пат да дојде до т.н. „меко слетување“, што значи ублажување на инфлацијата во комбинација со позитивен економски раст. Месечниот раст на цените од 0,2% и годишниот раст од 2,9% го потврдија трендот на опаѓање на инфлацијата. Добро беше прифатена и бројката од 1% раст на продажбата на мало на месечно ниво или 0,3% раст на продажбата во баровите и рестораните. Ова укажува на фактот дека американскиот потрошувач е сè уште во доволно добра форма за трошење, што има особено големо значење во американската економија. Позитивно изненадување беше и податокот за оптимизмот на менаџерите на малите компании, кој е на највисоко ниво од февруари 2022 година.

 

Малку помал оптимизам може да се забележи на американскиот пазар на недвижности, каде што бројот на новоиздадени градежни дозволи падна на 1,4 милиони, што е најниско од почетокот на пандемијата на коронавирус. Значително е намален и бројот на новопочнати градби. Ниту акционерите на Google (Alphabet) не се во многу добра положба, бидејќи претставниците на американската влада најавија дека би можеле да ја поделат компанијата на неколку делови, обвинувајќи ја за монополска активност. По големиот пад на цената на акциите на Nvidia, кога цената веќе беше речиси една третина од рекордот, се покажа дека ова е само добра можност за купување. Во изминатата недела цената на акцијата скокна за речиси една петтина. Уште поголем раст е забележан кај цената на акцијата од Starbux, која порасна за добри 25% - каде што имаше промена на директорот.

 

На европско тло се пресели оптимизмот од американската берза, така што сите главни европски берзански индекси солидно ја завршија неделата во зелено. Економскиот раст од 0,3% во еврозоната во вториот квартал во однос на претходниот квартал, мора да се признае дека не е импресивен, но сепак укажува на прилично стабилна економија. Минималниот пад на германската економија (-0,1% на квартална основа) беше повеќе од компензиран со растот на БДП на другите важни земји – Италија, Шпанија и Франција. Прилично поволна е состојбата и во британската економија, која на квартална основа забележа раст од 0,6%, со инфлација од 2,2 %, што е доста блиску до целта од 2%. За доброто расположение дополнително помогна и веста за зголемување на платите од „само“ 5,4%, што е најниско во последните две години. Треба да се напомене дека прекумерниот раст на платите, кој не е поддржан од растот на продуктивноста, ја зголемува инфлацијата, па охрабрувачки податоци се стабилизирањето на растот на платите на нормално ниво. Од друга страна, мораме со одредена загриженост да гледаме на цените на природниот гас. Ескалацијата на тензиите меѓу Украина и Русија го доведе во прашање снабдувањето со руски гас преку Украина. Цената на природниот гас годинава скокна на највисоки нивоа. На корпоративен план, треба да се спомене силниот раст на цената на акцијата на Bayer, кој доби поволна пресуда за штетноста на нивниот хербицид. Сепак, цената на акцијата останува дури 80% пониска во споредба со периодот помалку од една деценија, или пред купувањето на Monsantо.

 

Дури и во Јапонија ситуацијата е нормализирана по шокот на почетокот на месецот. Сепак, високиот раст од 6% на нивниот индекс на акции сè уште не го анулира целосно падот. Пазарите ги поздравија подобрите економски податоци од очекуваните со тоа што во вториот квартал економијата порасна за 3,1% на годишно ниво, што е добра бројка за земја која долги години се соочува со економска стагнација. Треба да се напомене дека нивниот прилично непопуларен премиер Kishida одлучи да не се кандидира за реизбор за лидер на партијата во септември. Истовремено, тој ќе ја напушти и функцијата премиер. Конечно, да ја погледнеме Кина, каде што цените на недвижностите продолжуваат да паѓаат. Цените на новоградбите паѓаат 13 месеци по ред, овојпат за 0,7% на месечно ниво, додека инвестициите во секторот недвижности се намалени за повеќе од 10% на годишно ниво.

 

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.