Новости

NLB Skladi влезе на македонскиот пазар со преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје

NLB Skladi по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го заврши преземањето на
Генерали Инвестментс АД Скопје. Купопродажниот договор со компанијата Generali Investments
d.o.o Ljubljana за купување на 100% од акциите на Генерали инвестментс АД Скопје е потпишан во
ноември 2023 година.
„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува
силно присуство на пазарот. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка на Групацијата во однос
на вкупната актива, заземајќи системски важна позиција со пазарен удел од повеќе од 16%
мерено според вкупната актива и над 20% кај кредитите и депозитите кај населението. Од друга
страна, гледаме многу можности за раст, затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна
Македонија на крајот на 2022 година, а сега го комплетираме нашето портфолио на производи со
услуги за управување со средства“, објасни Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ.
„Во НЛБ Групацијата веруваме во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна
Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на
инвестициските производи е многу мала, од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив
на ваква понуда, затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, претседател на
Управниот одбор на NLB Skladi. По завршувањето на трансакцијата, на клиентите наскоро ќе им
биде понуден проширен опсег на средства, додаде тој. Исто така појасни дека намерата на
Групацијата во делот на управувањето со средства e да се организира во рамките на NLB Skladi.
NLB Skladi е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема
компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијата ја
одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел
од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.
Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски
фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 48
милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден
паричен и еден комбиниран).

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.