Новости

Американските банки стојат на цврсти темели

Кон средината на минатата недела беа објавени резултатите од стрес тестовите на американските банки, кои покажаа дека американските банки имаат повеќе од доволно капитал за да ги апсорбираат црните сценарија. Бевме сведоци и на првата пресметка меѓу американските претседателски кандидати, Доналд Трамп и Џо Бајден.

Сопствениците на американските банкарски хартии од вредност со задоволство ги читаа резултатите од годишниот стрес тест на ФЕД, кој покажа дека сите 31 големи американски банки учеснички можат да издржат можен голем шок на пазарот. Излегува дека банките имаат доволно капитал за да се справат со коктел од потенцијални ризици кога невработеноста во САД се зголемува до 10%, цените на комерцијалните недвижности паѓаат за 40% и цените на акциите паѓаат за 55%. Во петокот наутро по американско време, Бирото за економски анализи го објави долгоочекуваниот мајски индекс на цени за трошоци за лична потрошувачка (PCE), кој американската централна банка го следи како еден од клучните показатели во борбата против инфлацијата. На месечна основа, стапката на PCE беше непроменета, додека годишната основна стапка на PCE (без храна и енергија) изнесуваше 2,6 %, што беше во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Претседателската пресметка во четвртокот меѓу демократскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник, Доналд Трамп, заврши со разочарување за демократските поддржувачи. Доналд Трамп добро го искористи просечниот и неубедлив настап на неговиот ривал. Имено, Бајден не успеа да докаже дека има доволно енергија и кондиција за следниот мандат. Во истражувањето на јавното мислење на Си-Ен-Ен, 67% од испитаниците му припишале подобри перформанси на Трамп, кој ја нагласил најдобрата економија во историјата на Соединетите држави, идеалот без војни и ефикасна борба против пандемијата на Ковид за време на неговото владеење. Бајден го припишува својот успех на тоа што е единствениот претседател под кој не загинале американски војници во странство, а Трамп на фактот дека тој самиот не започнал ниту една војна. Првите анализи му ја припишуваат победата на Трамп, но според аналитичарите, слабиот настап на Бајден предизвикува сериозни стравувања за ноемвриските избори.

На европско тло, индексот STOXX 600 ја заврши минатата недела за 0,69% пониско. Француските акции (индекс CAC 40; -1,96%) најмногу придонесоа за падот поради зголемената политичка несигурност во Франција по распишувањето на предвремените избори од страна на претседателот Емануел Макрон. Стравот дека новото политичко раководство ќе има помала фискална дисциплина, сепак предизвика зголемување на бараниот принос на француските државни обврзници. Инфлацијата во Франција малку успори во јуни (годишната стапка на раст беше 2,6% во јуни и 2,5% во мај), што е позитивна вест за – според некои веќе отпишаниот – францускиот претседател Макрон. Во Германија невработеноста се искачи на 6%, највисоко ниво во последните три години. Германија е зафатена и од неочекувано влошување на деловната доверба, додека во исто време и покрај тоа што беше домаќин на Европското фудбалско првенство, потрошувачите изразија поголема подготвеност за штедење.

 

На јапонско тло берзанскиот индекс Topix порасна за 2,12%. Во тоа помогна историската слабост на јенот, кој продолжува да биде ветер во едро за извозниците. И покрај очекувањата дека властите повторно ќе интервенираат за да се запре остриот пад на јенот, останаа само вербалните интервенции. Министерот за финансии Schunichi Suzuki истакна дека прекумерните флуктуации на девизниот пазар се непожелни. Нова перспектива на девизната политика се очекува да донесе новиот шеф на дипломатијата за девизна политика Arsushi Mimura.

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.