Мали уплати

кои стануваат богатство

Мали деца - мали проблеми, големи деца - големи проблеми и трошоци

Тинејџерска соба, купување на прв автомобил, студирање во странство и помош во осамостојувањето - купување стан.
Сето тоа се ставки кои го трошат семејниот буџет. Сите вие ​​кои што поскоро ќе почнете да се грижите за финансиските потреби на вашите деца ќе бидете многу благодарни за оваа одлука.

Од

500 мкд месечно

Препорачан период на штедење

10+ години

Зошто да вложувате?

Ако вложувате по 200 евра месечно во удели од фонд од раѓањето на вашето дете до 18-годишна возраст, можете да купите стан во вредност од околу 80.000 евра за вашето дете кога ќе стане полнолетно.

Дали знаете дека со само 40 евра месечно можете да заштедите добри 12.000 евра во текот на 15 години, кои можеби ќе му требаат на вашето дете за да ги финансира студиите?

Наместо да купувате многу (непотребни) играчки за вашето дете, треба да заштедите пари бидејќи најверојатно ќе му бидат потребни во иднина.

Што треба да знам?

Пред да пристапите до правилата за управување со фондовите на НЛБ Фондови, многу е важно да поставите цели и временски рамки за заштеда кои ќе одговараат на вашата проценка за инвестициското знаење, до која можете да дојдете и со помош на посебен прашалник. Врз основа на ова, ќе ви биде полесно да одлучите кој фонд е најсоодветен за вас.

Доколку одлучите да пристапите во некој од инвестициските фондови, предлагаме да ги понесете следните  документи со вас :

Физички лица:

Документ за идентификација (лична карта или пасош)

- Платежна сметка

 

Правни лица:

- Тековна состојба

- Тековна состојба на вистински сопственици

- Документ за идентификација на овластените претставници / законските застапници

По пристапот во фондот, на интернет страната ќе ве информираме за актуелните настани  и  вредноста на уделот.

Ако одлучите да купите дополнителни удели, инструкциите за уплата можете да ги најдете во Барањето за купување на удели или да не контактирате на следниов број: 02 60 90 300 или email: [email protected]

Исто така можете да не контактирате и преку најблиската експозитура на НЛБ Банка.

Доколку сакате да направите откуп на уделите, треба да ни доставите потпишано Барање за откуп. Парите ќе ви ги префрлиме најдоцна во рок од 5 работни дена по добивањето на Барањето за откуп.

Во зависност од вашите потреби, можете да одлучите дали да вложувате постепено како дел од плановите за штедење или еднократно, а можни се и комбинации на овие два методи. Кога се одлучувате помеѓу еднократна уплата и постепеното штедење, неопходно е да се тргне првенствено од вашата финансиска состојба и цели, како и од односот кон ризикот.

Предности на инвестирањето во НЛБ Фондови

Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време

Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.

Професионални финансиски аналитичари

Професионален тим со големо искуство во управувањето со средства.

Висока ликвидност

Пристап до вложените средства во секое време.

Квалитетен третман

Сите потребни информации за инвестирање во инвестициски фондови можете да ги добиете во нашите простории како и во филијалите на НЛБ Банка.

Достапност и финансиска ефикасност

Можност за постепено штедење дури и со помали износи.

Повисок принос

Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Закажете консултација

Распрашајте се за можноста за инвестирање во инвестициските фондови на НЛБ Фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на телефонскиот број 02 60 90 300 и закажете состанок за консултација.

ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈА

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.