НЛБ Америка

Акциски фонд

Соединетите Американски Држави се центар на економска моќ, а нивната берза е синоним за капитални инвестиции со најголема пазарна капитализација во светот.

Тип на фонд

Акциски

Препорачан временски период

5+ години

Податоци за фондот

Опис

НЛБ Америка

 

Вид на фонд

акциски фонд

Надоместок за депозитарна банка

0,35%

Максимална влезна провизија

0% - 5%

Максимална излезна провизија

0% - 3%*

Управувачка провизија

3%

Основан на

28.10.2008

Платежна сметка

210-0636457807-67

Идентификациски број

9110000000119

  

* Излезна провизија се наплаќа единствено кога се повлекуваат средствата што се уплатени во промотивен период пред истекот на една година.

Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно раст на вредноста на уделот на долг рок. Со оглед на инвестициските цели и политика, фондот е првенствено наменет за вложувачи кои имаат долгорочен инвестициски хоризонт и поголема толеранција на ризик при што сакаат да ја искористат можноста да постигнат повисоки приноси обезбедени од вложување во акции. Мотив за вложување е политиката на инвестирање на најголем дел од средствата на Фондот на пазарите на капитал односно во преносливи хартии од вредност на издавачи со седиште на територијата на државата САД (Соединети Американски Држави), како и оние кои се тргуваат на регулирани пазари, во Република Северна Македонија, државите членки на ЕУ и ОЕЦД. 

 

 

Вид на ризик

Степен на влијание

Пазарен ризик

Висок

Каматен ризик

Низок

Кредитен ризик

Среден

Ликвиден ризик

Среден

Валутен ризик

Среден

Ризик од промена на даночните прописи

Среден

Инфлација

Среден

Политички ризик

Висок

Индикатор на синтетички ризик и принос

1
2
3
4
5
6
7
Помал ризик

Помал потенцијален принос

Поголем ризик

Поголем потенцијален принос

* Индикаторот за синтетички ризик и принос го покажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на влуктуација на вредност на уделот во изминатите години

Каде инвестира фондот

Предности на инвестирањето во НЛБ Фондови

Едноставен начин на инвестирање и заштеда на време

Едноставно и брзо до висока диверзификација на инвестициите.

Професионални финансиски аналитичари

Професионален тим со големо ускуство во управувањето со средства.

Висока ликвидност

Пристап до вложените средства во секое време.

Квалитетен третман

Сите потребни информации за инвестирање во инвестициски фондови можете да ги добиете во нашите простории како и во филијалите на НЛБ Банка.

Достапност и финансиска ефикасност

Можност за постепено штедење дури и со помали износи.

Повисок принос

Поголем очекуван принос во споредба со традиционалните методи на штедење.

Закажете консултација

Распрашајте се за можноста за инвестирање во инвестициските фондови на НЛБ Фондови во нашите канцеларии, онлајн или во најблиската експозитура од НЛБ Банка или јавете се на телефонскиот број 02 60 90 300 и закажете состанок за консултација.

ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈАПОСТАВЕТЕ ПРАШАЊЕ

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.