Новости

Акциите под влијание на економските тензии, Рајнметал го надмина Фолксваген

Економските тензии меѓу САД и нивните партнери доведоа до најголема корекција на американските берзи во последните две години. Во Германија е потпишан историски договор кој значително ќе ја зајакне германската одбранбена подготвеност.

*вклучувајќи дивиденди,  претворени во ЕУР.

Извор: Блумберг

Минатата недела и американскиот индекс S&P 500 официјално влезе во корекција, што се дефинира како пад од најмалку 10% од последната највисока точка на пазарот.  Во петокот, сепак, бевме сведоци на прилично стабилно враќање на цените, што донекаде ги увери инвеститорите дека ризиците од рецесија се сепак сеуште ниски. Берзанскиот индекс MSCI World падна за 2,29%, додека индексот STOXX 600 загуби 1,14%, при што секторите на одбрана и инфраструктура продолжија да го намалуваат трендот. Неделата беше обележана со висока нестабилност на американските пазари бидејќи инвеститорите се соочија со конфликтни фактори. Од една страна беа тековните промени во однос на царините и стравувањата од рецесија, дополнително поттикнати од коментарите на Трамп за „транзициски период“ за американската економија. Од друга страна, пониските вредности на индексот на потрошувачки цени (CPI) од очекуваните и индексот на цените на производителите (PPI) ги зголемија надежите за намалување на инфлацискиот притисок и побрзо намалување на каматните стапки. Сепак, аналитичарите сè уште очекуваат следното намалување на каматните стапки од страна на ФЕД да биде во јуни.

 

Инвеститорите ја поздравија промената на лидерството во полупроводничката компанија Интел, каде Лип-Бу Тан ја презеде функцијата на извршен директор. Цената на акцијата скокна за цели 15% по објавувањето на веста. Инвеститорите се заинтересирани за тоа каква иднина ќе има Интел за својот сегмент за прилагодено производство на полупроводници, бидејќи постојано има извештаи дека Интел би можел да го продаде. Претходникот на Тан, Пет Гелсинџер, инвестираше многу ресурси во неговиот развој, а токму разликите околу стратегијата доведоа до оставка на Тан од одборот на директори на Интел во 2024 година. Тајванскиот TSMC продолжува да доминира во индустријата, а Интел засега не може сериозно да се натпреварува. Во својата прва изјава, Тан ја истакна својата посветеност кон овој сегмент, и покрај некои критики дека компанијата ќе биде подобро да го отпушти и да се фокусира на својата основна сила - дизајнот на процесорот, каде што сè уште има силна позиција на пазарот и покрај предизвиците. Цената на акцијата на Tesla нагло порасна по изборот на Трамп, достигнувајќи рекордно високо ниво во декември, а потоа изгуби половина од вредноста во рок од неколку месеци и се врати на предизборните нивоа. Почетниот оптимизам за соработката на Илон Маск со новата администрација и потенцијалните стимулации за домашното производство и инфраструктурата на станиците за полнење брзо беа заменети со разочарување. Причините за тоа се пореметувањата во производството на Model Y, пожестоката конкуренција и послабата продажба во Европа, каде што Tesla забележа пад на продажбата од 45% во јануари и пад од 42% во февруари и покрај растот на пазарот на електрични возила. Дополнителен товар на акциите е поконтроверзниот јавен пристап на Илон Маск - неговата поддршка за екстремно десничарските партии и Доналд Трамп доведе да изгби голем број од европските купувачи и предизвика протести пред салоните на Тесла во Европа и САД.

 

Цените на европските акции беа релативно постабилни во споредба со американските. Индексот STOXX 600 загуби 1,14% од вредноста, но одбранбениот сектор забележа раст на цените поради најавените зголемени буџетски расходи од европските земји. Во Германија, ЦДУ и СПД постигнаа историски договор со кој беше релаксиран претходно важечкиот лимит на националното задолжување од 0,35% од БДП. Новиот договор предвидува уставно прилагодување што ги исклучува трошоците за одбрана од лимитот за сопирање на долгот доколку тие надминат 1% од БДП. Поради инсистирање на Зелените, без кои немаше да го имаат потребното уставно мнозинство, мораа да обезбедат 100 милијарди евра за посебен фонд за климатска трансформација во рамките на инфраструктурниот фонд од 500 милијарди евра. Ова доведе до интересна динамика на германската берза. Германската економија традиционално е позната по својата автомобилска индустрија, но во четвртокот германскиот гигант Фолксваген беше престигнат од компанијата за оружје Рајнметал во однос на пазарната капитализација. Во средата објави исклучителни финансиски резултати и најави проширување на производствените капацитети поради исклучително високата побарувачка. Симболично, како потенцијална опција се споменуваше фабриката на Фолксваген во Оснабрик, која е пред затворање. Ова предизвика дополнително зголемување на цената на акцијата на Рајнметал, која минатата недела порасна за 22%. Од 5 ноември, кога беше избран Трамп, цената на акцијата порасна од 466 евра на 1.369 евра.

Најнови вести

Пријавете се за е-вести

Доброволно се согласувам, Друштвото за управување со инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, да ги обработува моите лични податоци (име, презиме и e-mail) за цели на информирање на клиентите преку е-пошта (Испраќање на newsletter). Запознаен сум дека мојата согласност можам да ја повлечам во секое време. Согласноста се дава само за наведените цели и наведените категории на лични податоци. Моите податоци можат да бидат обработени единствено од овластените лица на Друштвото и продажните партнери.

Потврдувам дека сум запознаен каде се достапни подетални информации за заштита на личните податоци (во Политиката за приватност). Обработката на наведените категории лични податоци ќе се врши согласно Законот за заштита на личните податоци. Доколку сакате да ја повлечете согласноста, истото можете да го направите со одбирање на полето unsubscribe достапно на меил пораката, по писмен пат на следната адреса : НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје, со достава на меил на следната адреса: [email protected] или лично на следната адреса: НЛБ Фондови АД Скопје, бул. Партизански одреди бр. 14 А/1-2, 1000 Скопје.

Следете нѐ

За клучните настани можете да се информирате што е можно побрзо преку социјалните мрежи.